prev next front |1 |2 |3 |4 |5 |6 |7 |8 |9 |10 |11 |12 |13 |14 |15 |16 |17 |18 |19 |20 |21 |22 |23 |24 |25 |26 |27 |28 |review

Санитарната револуција во 19-тиот век потекнува од откритието Snow, а е помогната од работата на другите: William Farr, доктор и експерт за витална статистика, првиот компилатор на резимеата во новосоздаденото одделение English Registrar General; микробиолозите Louis Pasteur i Robert Koch; патологот-санитарец Rudolph Virchow; социјалните реформатори и рани јавно-здравствени специјалисти Edwin Chadwick, Lemuel Shattuck, John Simon и набрзо по тоа цел батаљон од други.

Човековите живеалишта беа лулка на цивилизацијата, но во отсуство на соодветна хигиена и санитација, тие беа исто така и живеалиште на штетници и болести. Во 19-тиот век, градовите беа опасни места, преполни со болести и предвремена смртност. Повеќе од една четвртина од живородените деца умираа во првата година од животот,  а половина од нив пред да бидат доволно стари за да имаат сопствени деца.  Тие умираа од гастроинтестинални и респираторни инфекции: колера, тифус, детска дијареа, дифтерија, сипаници, воспаление на белите дрибови, туберкулоза...

Автор на слајдот: John Last, Canada

*Забелешка: санитарната револуција се однесува на промените во јавно-здравствените навики што се случуваа во Северна Америка и Европа кон крајот на 19-от век.